Дилиeн Вајт (27-1, 18 КО) подолго време е фрустриран од фактот дека не може да се бори за светската титула во тешка категорија.
Помина две години на прво место на предизвикувач на ВБЦ, а потоа со победата против Оскар Ривас минатото лето стана и привремен шампион на ВБЦ.
Исто така, точно е дека во последните години дури и многу послаби боксери од него се бореа за големите федерални појаси (Разван Којану и Хјуи Фјури за титулата во ВБО против Џозеф Паркер).
Вајт е задолжителен предизвикувач на победникот на третата борба меѓу Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдер, но со оглед на ситуацијата не може да знае кога конечно ќе добие шанса да ја освои титулата. Таа прилика ќе ја ризикува во следниот излез во рингот. Ова лето требаше да се бори против олимпискиот победник и поранешен шампион во ВБА, Александар Поветкин.
Вајт порано има соарирано со Тајсон Фјури.
„Тајсон Фјури и јас се спаривме. Го претепав и го срушив неколку пати. Едноставно, тоа е она што се случи. Тој сака да седи и да разговара, но ако сум јас толку лесна борба за него, зошто не се бори со мене? Пред да го победи Вајлдер, тој рече: „Кога ќе го победам Вајлдер, ќе му дадам можност на Дилиен. Само зборува глупости. Мака ми е и уморен сум од тоа“, изјави за Скај спорт.
„Тајсон Фјури може да ви каже, не одам како него околу и да раскажувам приказни од спарингот. Но, Тајсон Фјури може да ви каже што се случило. Тој е првиот што ја почна приказната дека ме претепал во салата. Ви кажувам дека тоа не се случи. Не сакам да раскажувам приказни од спарингот, но приказните кружат. Луѓето кои се во ова знаат. Тие ја знаат приказната за мене“.
„Секоја чест на Фјури за борбата со менталните проблеми и сето тоа. Навистина го мислам тоа, секоја чест. Одработи одлична работа. Инспирираше многу луѓе и слично, но кога зборуваме за боксот не може на симпатиите. Тој има појас, а јас сакам да се борам со него. Така, не ми е гајле за други работи. Ова е војна“.
https://www.facebook.com/skysportsboxing/videos/578336856139702/