Дилиен Вајт (26-1, 18 КО) ја освои титулата на ВБЦ привремен шампион во тешка категорија.
31-годишниот Јамајканец во Лондон го порази претходно непоразениот Оскар Ривас (26-1, 18 КО) со едногласна одлука на судиите (115-112, 115-112, 116-111).
Со ова Вајт станува задолжителен предизвикувач на актуелниот шампион Дионтеј Вајлдер. Прашањето е кога ќе дојде до таа борба, бидејќи Американецот веќе се согласи на реванш мечеви со Луис Ортиз и Тајсон Фјури.
Промоторот Еди Херн изјави дека по борбата дека Вајт до мај следната година ќе мора да се бори за титулата. „Боди снечер“ повеќе од година ипол беше прв на ранг листата на предизвикувачи на ВБЦ.
Дејвид Ален (17-5-2, 14 KO загуби од Дејвид Прајс (25-6, 20 KO).