Вајт е подготвен на Ромеро да му даде меч со Адесања, но под еден услов

Дана Вајт дефинитивно е заинтересирана за борба меѓу Израел Адесања и Јоел Ромеро, кои веќе неколку дена меѓусебно си упатуваат закани и се разбраа за борба. За жал, сето тоа зависи од луѓето во УФЦ кои се подготвени да ги спртивстават, но под одредени услови. Претседателот на УФЦ вели дека е подготвен да му даде нова шанса за победа на Кубанецот, но прво мора да извојува победа.

Во едно интервју Дана изјави дека се подготвуваат борба на Ромеро, ако победи тогаш ќе се бори за титулата. Најверојатно, УФЦ ќе го соочи против Џаред Канониер, кој исто така го билда скорот и е блиску до борба за појасот средна категорија.

„Адесања сака да се бори со Јоел Ромеро. Сака да се бори против него, но ние планираме да му дадеме борба на Ромеро многу брзо и победникот на оваа битка ќе добие шанса да ја освои титулата против Израел. Коста има повреда во бицепсот и вели дека би се вратил порано, но докторот кажува поинаку и јасно е дека тоа да се случи“, рече Вајт за битката меѓу шампионот во средна категорија и Кубанецот.

https://www.instagram.com/p/B4dyBsvBkut/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/B4eRk2aHGLD/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON