Вајлдер за Фјури, Усик и Џошуа: Сите земаат допинг, само јас не!

Поранешниот светски шампион на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер (43-2-1, 42 КО) ги обвини сите врвни борци во тешка категорија за користење стероиди или друг нелегален допинг.

„За мене, сите момци од првите десет и нагоре, освен мене, прават нешто“, изјави тој за ЕС Њуз. „Не ми требаат такви работи. затоа што го имам она што секој го сака. Имам вера и ударна сила“.

По дебаклот со Тајсон Фјури, бронзениот бомбардер направи долга пауза, но се врати минатиот октомври и го нокаутира Роберт Хелениус за помалку од една рунда.

Сега има се повеќе информации дека Дионтеј би можел да се соочи со Ентони Џошуа (25-3, 22 КО) во декември во Саудиска Арабија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON