Дионтеј Вајлдер (43-3-1) се најде во тешки критики по поразот од Џозеф Паркер (34-3) пред една недела во Саудиска Арабија, а многумина му предвидуваа крај на кариерата. Сепак, неговиот тренер Малик Скот веќе прави планови за неговиот следен противник, а на дневен ред се Даниел Дубоа (20:2) и Енди Руиз Јуниор (35-2).
„Го имаме Енди Руиз кој сè уште сака акција. Усик и Фјури исто така. И Даниел Дубоа е таму во моментов во добра позиција. Има неколку луѓе кои се опции. Сепак, најважно за мене во моментов е Дионтеј да си ги врати духот, психата и физиката. Тоа е моја работа, бидејќи знам дека кога се таму, никој од тие момци не може да го победи. Сепак, во моментов, по овој пораз и овој настап, мислам дека нема да предизвикаме никого. Се фокусирам на поголемата слика и затоа ќе го подобриме духот, психата и физиката“, изјави Скот за Фајт хип.
„Бронзениот бомбардер“ загуби три од последните четири борби, а неговата единствена победа беше нокаут во првата рунда на Роберт Хелениус пред една и пол година.