Поранешниот светски шампион во тешка категорија Дионтеј Вајлдер е убеден дека има расизам во боксот, како резултат на тоа што медиумите премногу ласкаво зборуваат за белите борци.
„За мене најважно е да го изградам моето наследство. Велам дека сум најдобриот и го знам тоа. Подготвен сум да се тестирам со секој што мисли дека е подобар од мене. Им давам на навивачите тоа што го сакаат. Не е важно како ќе заврши мечот – победа, пораз или нерешено, навивачите се важни. Затоа се занимавам со овој спорт и затоа ми треба и мојот противник да се чувствува исто.
Сите борци се избегнуваат еден со друг. Ги имаме сите овие момци со бели привилегии кои медиумите ги презентираат како поважни и подобри од другите кога не се. Тие се обидуваат да ги промовираат овие приказни, а ова им се случува на црните борци цело време. Лудо е, особено за мене“, рече Вајлдер.
„Но, јас сум опкружен со позитивизам и многу љубов. Во оваа ситуација со Арбитражниот суд, само тренирав. Трениравме, се концентриравме и добивме љубов од семејството“, изјави поранешниот шампион, кому му претстои трет меч со Тајсон Фјури.