Дионтеј Вајлдер сподели клип на социјалните мрежи дека сега е во Саудиска Арабија.
View this post on Instagram
„Пристигнавме во Саудиска Арабија за борбата на 23 декември. Повеќе од подготвен сум да зададам удари“, напиша Вајлдер на Инстаграм.
Вајлдер ќе се соочи со Џозеф Паркер на 23 декември во Ријад. Во борба во која ќе бара задолжителна победа, бидејќи евентуалниот трумф ќе му овозможи влез во долгоочекуваниот боксерски меч против Ентони Џошуа.
Во неговата последна борба, „Бронзениот бомбардер“ го победи Роберт Хелениус во октомври 2022 година со нокаут во првата рунда.