Вајлдер тројца свои тренери ги пратил во болница (ВИДЕО)

Да се ​​тренира Дионтеј Вајлдер е многу опасна работа.

Главниот тренер Џеј Деас открил колку повреди добил држејќи ги фокусерите на шампионот на ВБЦ.

„Првиот пат кога го измести рамото. Вториот пат имав оклоп за телото и ме погоди баш под него, но ме знаете мене, ме боли, но гајле ми е, на работам и понатаму. Следниот ден сфатив дека навистина боли и стануваше се полошо и полошо Отидов на лекар и ми рече дека морам да ја оперирам хернијата. Тоа може да ви даде некаква слика за како удира“, рече Деас.

„Дионтеј Вајлдер е единствениот боксер во светот кој има тројца држачи на фокусери, затоа што некој секогаш е на листата на повредени. На тренерот Хил му го скрши палецот, а на другиот му го измести рамото. Џамел МекКлин кој четири пати се бореше за титулата во тешка категорија рече дека кога ќе ве удари Дионтеј немате чувство дека ве ударил човек. Неговата сила не е овоземска“.

33-годишниот Вајлдер на 1 декември во Лос Анџелес против исто така неопоразениот Тајсон Фјури, по осми пат ќе ја брани титулата на ВБЦ.

Во професионалната кариера која трае од 2008 година ги победи и ги нокаутира сите 40 противници. Единствениот кој ги преживеал сите 12 рунди со него, Бирмејн Стиворн, во реваншот падна во првата рунда.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON