Вајлдер: Со Кличко ќе се борам само во САД!

klicko i vajlder

Шампионот на Светскиот боксерски совет во тешка категорија, Дионтеј Вајлдер (САД), објави дека ќе се бори со носителот на останатите светски појаси во тежинските дивии, Владимир Кличко (Укр), единствено во својата татковина.

 „Ја поседувам најпрестижната круна. Го имам она што го сака тој. Во моментов јас го управувам возилото. Ако сака да се бориме, дефинитивно треба да дојде во Америка“, порача Вајлдер.

Пред да се случи средбата со непоразениот Вајлдер, ќе мора да го победи официјалниот кандидат за титулата на Светскиот боксерски совет, Александар Поветкин. Владимир Кличко има закажан дуел против непоразениот Британец, Тајсон Фјури, кој ќе се одржи на 24 октомври.Американецот и Украинецот се поранешни спаринг партнери. Тие имале околу 50 тренинг рунди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON