Дионтеј Вајлдер (42-0-1, 41 КО) ја оствари десетата последователна одбрана на титулата во боксот, нокаутирајќи го Луис Ортиз (31-2, 26 КО) на крајот од седмата рунда во нивниот долгоочекуван реванш во Лас Вегас. Бронзениот бомбардер само еднаш го пронајде противникот со моќната десница, а тоа беше доволно да го испрати на подот и доволно да го зашемети, за да него го „преболи“ броењето на судијата Кени Бајлис.
По мечот, Вајлдер изјави дека неговиот следен дуел ќе биде уште повозбудлив за навивачите во реваншот против Тајсон Фјури.
„Секако, реваншот со Фјури е следниот меч, се договоривме за февруари. Потоа ќе следи обединувачка борба за сите титули, затоа што сакам да има само еден шампион. Тешката категорија е премногу тесна за толку многу шампиони, а тоа е збунувачки за навивачите, ќе има само еден шампион, само едно лице, само едно име.
Ортиз е еден од најдобрите боксери во светот, поради што му дадов шанса повторно да се соочи со мене. Ги повикувам другите боксери во категоријата да не го избегнуваат, тој е многу интелигентен и опасен борец.
Не ме оддаваат должна почит, но јас сум и интелигентен боксер и точно така го избоксирав мечот. Цело време го меркав и конечно ја најдов вистинската дистанца, за да го задададам решавачкиот удар“, објасни Вајлдер.