Вајлдер си ја скршил раката ине тренирал удари за борбата со Фјури

Светскиот шампион во тешка категорија на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер, изјави дека си ја скршил раката четири месеци пред почетокот на тренинзите за борбата со Тајсон Фјури. Како резултат на тоа, речиси и не напаѓал со десната рака во мечот со Фјури кој заврши со контроверзна одлука на судииите – нерешно.

„Многу луѓе не знаат, но 12 недели пред почетокот на тренинг-кампот, ја скршив раката, но ја чував во тајност операцијата и сè друго. Ја скршив од рачниот зглоб до лактот за време на спаринг со еден од моите најдобри спарниг партнери“, објасни Вајлдер, посочувајќи на фрактурата на неговата десна рака.

„Гаѓаб во неговото тело, тој ми го сврте лактот и го удрив како чекан кој удира на ноктите. Просто, ја скрши“, додаде шампионот.

„Сакавме да го држиме тоа во тајност, не сакавме да имаме изговори, а во текот на кампот речиси и да не удирав. Ова може да е една од причините за тоа што не се претставив на најдобар можен начин, а друга е што бев многу нервозен од сите очекувања, исто така, многу сакав да го нокаутирам, поради целиот притисок поради плати па гледај“, објасни Вајлдер на Есњус.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON