Светскиот шампион во бокс во тешка категорија (ВБЦ) – Дионтеј Вајлдер, зборуваше прилично се изрази најпофално за Кубрат Пулев, а во меѓувреме го нарече Ентони Џошуа страшливец.
„Тој е храбар и силен борец. Мислам дека има силна волја и силна психа“, рече Вајлдер за Бугаринот, пренесува ЕСПН.
Според него, Пулев има интересни мечеви, како оној против Владимир Кличко за светската титула во 2014 година, во кој Бугаринот го заработи единстевниот пораз во професионалниот ринг. Оттогаш, Пулев два пати се избори да биде задолжителен предизвикувач за појасот на Меѓународната боксерска федерација (ИБФ).
До 14 февруари тимовите на Пулев и Џошуа се очекува да го официјализираат дуелот за аветската титула на ИБФ. Долгоочекуваниот меч најверојатно ќе биде во Лондон кон крајот на мај или почетокот на јуни.
Дионтеј Вајлдер во моментов се подготвува за реваншот против Тајсон Фјури на 22 февруари. Средбата ќе биде во Калифорнија и двајцата се подготвени да го решат спорот околу тоа кој е подобар откако нивниот прв судир во 2018 година заврши нерешено.