Мечот меѓу шампионот во тешка категорија на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер и поранешниот светски шампион Александар Поветкин ќе се одржи кон крајот на оваа година или ќе биде откажан во целост. Ова го изјави рускиот менаџер Андреј Рјабински.
„Светскиот боксерски совет треба да донесе одлука за нов датум или борбата нема да се одржи. Подготвени сме за сè. Ако решат да ја сминат во целост борбата, ќе го оспориме тоа, бидејќи е незаконски. Но, во исто време се сомневам дека ова ќе се случи“.
Битката меѓу Вајлдер и Поветкин беше поништена поради позитивен допинг тест на рускиот боксер.