Ентони Џошуа и Дионтеј Вајлдер ги држат сите шампионски титули во тешка категорија.
Затоа е нормално боксерскиот свет да очекува меч за неприкосновен шампион меѓу ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО шампионот од една и првакот на ВБЦ од друга страна.
Досегашните преговори не ги дадоа посакуваните резултати, а Вајлдер тврди дека неговиот статус на врвен тешкаш нема врска со неговото ривалство со Ентони Џошуа.
Британцот веле дека сака да се бори со Вајлдер ако на 1 декември го победи Тајсон Фјури. Американецот одговара дека со таа тема во моментов не е преокупиран.
„Ние сме фокусирани на нив. Кога последен пат рековме нешто за нив“, изјави за Скај спортс.
„Тој не ми треба за да би ми донел статус. Јас мојот статус го имам, затоа што нокаутирам се околу себе, а не заради друг човек“.
Фокусиран е на дуел со друг Британец, кој во 2015 година го симна од тронот Владимир Кличко. Борбата на Фјури против Валјдер ќе му биде трета од враќањето во јуни оваа година, по двегодишна пауза во која е вклучена и двогодишната суспензија на Британската анти-допинг агенција.
„Тој е оној кој дојде до сите појаси, тој е оној кој го победи Кличко и тој е оној кој го совлада главниот“.
„На него гледаме на таков начин. Можеби во моментов ги нема сите титули, но и понатаму се смета за вистински (линеал) шампион во светот“.
„Да се бори со некој друг, а не со мене, луѓето би рекле дека не треба уште една борба за загревање, би рекле дека е подготвен и такви работи. Луѓето се жалат затоа што се работи за мене“.