Очекуваниот судир во тешката категорија меѓу американските противници Дионтеј Вајлдер и Доминик Бризил заврши за помалку од една рунда Баркли центарот во Бруклин.
Шампионот во верзијата на ВБЦ, Вајлдер речиси ги исполни заканите дека ќе го заврши еднаш засекогаш со својот ривал, а го испрати на подот со силен десен директ минута пред крајот на рундата, при што Бризил не се исправи навреме.
Еве гшто рече шампионот по завршувањето на борбата:
„Знам, тоа беше голема подготовка пред овој меч. Вечерва сè излезе од мене. Имаше многу непријателство и многу зборови што беа кажани и тоа едоствно излезе од мене оваа вечер. Тоа го прави боксот толку голем. Му реков на Бризил дека го сакам и сака да се прибере кај семејството. Знам дека кажавме некои работи, но кога може да се бориш со маж и потоа да го прегрнеш и да го бакнеш, сакам светот да биде таков. Ние се ракуваме и живееме, за да видиме уште еден ден и за тоа станува збор“, рече Дионтеј Вајлдер.