Вајлдер: Ме избегнуваа, а сега ме молат да се борам со Џошуа

Деонтај Вајлдер (33) со нерешаната борба на 1 декември во Лос Анџелес против Тајсон Фјури ја одбрани титулата во тешка категорија на ВБЦ.

Во интервјуто кај Џо Роган кое го објавивме вчера Вајлдер рече дека сега тимот Ентони Џошуа моли за меч кој претходно го избегнуваа.

„Сега буквално ме молат за меч. Неговите луѓе одеднаш се обидуваат да стапат во контакт со моите промотори. Имаше многу прилики. Можеше да се бори против Луис Ортиз, можеше да се бори против мене. Имаше шанса за борба со Фјури“, истакна Вајлдер, што можеби е најава за борба со Џошуа, но најверојатно по реваншот со Фјури, бидејќи ВБЦ го одобри.

Промоторот на Ентони Џошуа, Еди Херн, смета дека Вајлдер е вистинскиот избор за противник.

„Вајлдер е нашиот прв избор. Ентони би станал апсолутен шампион и потоа би му останала само борба против Фјури кој исто така заслужува шанса“, истакна Хеарн.

https://www.youtube.com/watch?v=J2dKtzwqbzM

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON