Светскиот шампион во бокс во тешка категорија во ВБЦ верзијата, Дионтеј Вајлдер, беше гостин во понеделникот во најпопуларниот подкаст во светот – оној на славиот УФЦ коментатор Џо Роган.
Роган не сакаше да ја пропушти шансата да биде домаќин на Вајлдер, откако тој го одработи спектакуларниот меч против Тајсон Фјури во Лос Анџелес пред десет дена. На крајот пресметката заврши контроверзно – нерешено, што ни овозможи истиот двоец повторно да го гледаме во реваншот кој веќе го одобри ВБЦ.
Вајлдер и Роган разговараа за контроверзната одлука, за нокдаунот по кој Британецот чудесно повторно се крена на нозе, за тоа дали судијата преспоро броел или не … Вајлдер смета дека Фјури поради неговото ромско потекло има посебни „вуду“ сили за која мисли дека можеби на неговото чудесно опоравување (не е јасно дали се работи за шега или не).
Американската откри и дека на самиот ден на мечот имал 94,5 килограми што е „лесно-тешка“ тежина, а зборуваше и за многу други интересни теми во разговорот што траеше нешто помалку од 90 минути.
Погледнете го целиот подкаст во продолжение:
https://www.youtube.com/watch?v=J2dKtzwqbzM
.