Дионтеј Вајлдер (39-0, 38 КО) на доминантен начин по шести пат ја одбрани титулата во тешка категорија на ВБЦ совладувајќи го со нокаут во првата рунда.
Американецот во реваншот со поранешниот шампион Бирмејн Стиворн (25-3-1, 21 КО) три пати го соборуваше противникот во првата рунда кој во јануари 2015 година единствено тој успеа да ги издржи сите 12 рунди со него, но овој пат не можеше да издржи ниту рунда. На 39-годишниот Хаитец ова му беше првата борба по две години.
Доминик Бризил (19-1, 17 КО) го победи со прекин Ерик Молина (26-5, 19 КО), кој не ја продолжи борбата по осмата рунда.
Казахстанецот Сергеј Липинец (13-0, 10 КО) ја освои слободната титула на ИБФ во суперлесна категорија со победата над Јапонецот Акихиро Конда со едногласна одлука (29-7-1, 16 КО) – 117-111, 118-110, 117-111 .
Шон Портер (28-2-1, 17 КО) на ист начин го победи Адријан Гранадос (18-6-2, 12 КО) – 117-111, 117-111, 117-111.
https://www.facebook.com/TheSweetScienceNews/videos/1933111610040255/
https://youtu.be/Q1SR_5Qh9GM
.