Американскиот нокаутер, Дионтеј Вајлдер, потврди дека неговата главна цел во 2018 година е да се бори против Ентони Џошуа.
Светскиот боксерски шампион ќе ја брани титулата на почетокот на ноември против Бирмејн Стиврон. Една недела порано тоа ќе го направи и Британецот против Карлос Такам.
„Сите знаат кого го сакам за противник во 2018 година“, објасни Вајлдер и додаде: „Тогаш ќе бидат дадени одговори на многу прашања. Мислам дека борбата ќе биде следната година, иако луѓето ја сакаат оваа борба токму сега. Настанот е огромен, дури и не треба да го рекламираме. Целиот свет зборува за тоа“.
.