Вајлдер: Го победувам Фјури, а потоа сакам да го смачкам Џошуа

Поранешниот шампион на ВБЦ во тешка категорија, Дионтеј Вајлдер, сака да се бори со шампионот на ВБА, ИБФ и ВБО, Ентони Xошуа, ако ја врати титулата на реваншот со актуелниот носител на појасот на ВБЦ, Тајсон Фјури. Третата борба меѓу нив е на 24 јули. Во меѓувреме, Џошуа ќе има задолжителна одбрана на титулата на ВБО во септември против Александар Усик.

„Дефинитивно Џошуа ме избегнува толку долго“, рече Вајлдер.

„Нема изговори, нема задолжителна одбрана, нема пречки. Како што гледам, веќе бараат изговори“.

„Никој не сака да боксира со некој како мене и не ги обвинувам. Јасно е дека ќе го поразам на уништувачки начин“, додаде Вајлдер.

Неговиот советник Шели Финкел потврди дека тимот ќе биде отворен за разговори на мечот против Џошуа откако ќе го победи Фјури.

„Џошуа во септември така треба да го победи и Усик, а потоа можеме да разговараме. Отсекогаш сакавме да се бориме со Џошуа. Дионтеј сака да стане неприкосновен светски шампион, но прво треба да се справи со Фјури“, изјави Финкел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON