Дионтеј Вајлдер ја постигна најголемата победа во кариерата.
Непоразениот ВБЦ шампион по средбата истакна зашто нокаутот против Луис Ортиз е подобар од победата на Џошуа против Кличко пред 10 месеци. Вајлдер (40-0, 39 КО) успеа да се задржи на нозе по уадрите на противник, за да го собори два пати во 10 рунда.
Победата против Ортиз (28-1, 24 KO, 2НЦ) е најсериозна од деветгодишната кариера на Вајлдер.
„Мислам дека мојата победа против „Кинг Конг“ е поголема. Сепак, тој е непобедуван, додека Владимир неколку пати пати беше поразен. Кога се бореше со Џошуа, тој веќе не беше на врвот. Сите го знаеме тоа“.
„И Џошуа не ја доби средбата. Владимир загуби, а три пати имаше шанса да го потфати, но направи погрешни потези, кои потоа го чинеа многу“.
Англичанецот Џошуа (20-0, 20 КО) го собори Кличко во петата рунда на епската средба на 29 април, а Украинецот успеа да му врати во шестата.
Како што направи Вајлдер со Ортиз, и Џошуа имаше потреба од неколку рунди за да закрепне. Потоа го собори уште два пати во 11-тата рунда, во завршицата на мечот.
Битката меѓу Џошуа и Кличко беше прогласена за дуел на годината за 2017 година. Но, како што рече Вајлдер, Кличко (64-5, 53К) не се борел 17 месеци пред да биде соборен од Џошуа. Претходно Тајсон Фјури (25-0, 18 КО) му одзеде четири титули со одлука на судиите кон крајот на 2015 година.
Кога Кличко падна од Џошуа имаше 41-година, додека противникот 27. Иако се зборува дека е постар, Кубанецот Ортиз официјално се води дека е 38 годиниу – шест години постар од Вајлдер.
„Се уште зборуваат за таа победа, но како може да се фалиш со тоа, кога веќе некој го симнал од тронот. И знаеме кој го направи тоа – Тајсон Фјури. Не може долго да се радуваат. Додека јас сум горд по средбата со Ортиз, тој имаше подобри вештини. Неоспорно е мотивиран да се подобрува. Затоа и му требаше толку време да се бори за титулата. Никој не сакаше да се бори со него – секој го одбегнуваше“.
„Гледаме се. Доста глупости. Извинувања за јазикот што го користам. Не сакам да се цензурира,. Јас сум вистинскиот. Штом ги обединам титулите, ќе може да си ги земат назад. Простум, само сакам да се докажам пред светот дека сум најдобриот“.