Светскиот шампион на ВБЦ во супертешка категорија, Дионтеј Вајлдер, изјави дека со нетрпение очекува да се соочи со Русинот Александар Поветкин. Во саботата Американецот го одбрани појасот против Ерик Молина, кого го нокаутираше во 9 –тата рунда.
„Подготвен сум да ја бранам титулата против секого. Има задолжителен предизвикувач за титулата – Александар Поветкин, а јас со нетрпение ја очекувам борбата со него“, изјави Вајлдер на прес-конференцијата по победата во Бирмингем ( САД), која за него беше 34- а од 34 натпревари на професионалниот ринг.
„Што се однесува до Владимир Кличко, тој исто така има многу обврски кон организациите, како и ја . Затоа ќе треба да почекаме за таков меч. Но, секогаш сум велел дека прашањето за борба со Кличко не е дали тој воопшто ќе се одржи, туку кога. Бидејќи задолжително ќе има таков меч. Мислам дека тоа ќе се случи во 2016 година“, изјави Дионтеј Вајлдер.