Светскиот шампион во тешка категорија, Дионтеј Вајлдер, се подготвува за следниот меч на 16 јануари против Артур Шпилка (Полска), но не пропушти да се зајаде со носителот на двата други појаси кај тешкашите, Тајсон Фјури.
„Подготвен сум да се борам со Фјури во Лондон. Знам дека оваа средба нема да биде решена од страна на судиите. Тој е само долгорак. Нема никаква моќ и се однесува како будала на рингот. Му предложив да се бори со мене. Му упатив понуда да биде првиот човек против кого ќе ја бранам титулата. Но, не беше подготвен. Не сакаше да се бори. Го сакаше Кличко“, рече Вајлдер.
https://youtu.be/wIIdw7AgXdQ