Остануваат уште само неколку дена до една од најголемите боксерски борби во 2021 година. Поранешниот шампион во тешка категорија Дионтеј Вајлдер добива уште една шанса против Тајсон Фјури, кој му ги одзеде и титулата и статусот без пораз.
„Бронзениот бомбардер“ е ставен на ѕидот во оваа битка и во неа или добие се или ќе загуби се. Вајлдер го сфаќа ова и ќе даде се од себе на 9 октомври во Лас Вегас.
На почетокот на минатата година Вајлдер беше издоминиран од Фјури и загуби со нокаут во 7 -та рунда. Тајсон одби да му даде реванш, бидејќи Вајлдер не ја активираше клаузулата на време.
Сепак, Дионтеј го доби случајот и го задолжи Фјури да направи трилогија. Во нивната прва борба Вајлдер го собори Фјури со тежок нокдаун и сите се уште се прашуваат како Фјури стана.
На социјалните мрежи, двајцата почнаа да „гризат“ и да се потсетуваат на моменти од нивните две битки. Вајлдер објави фотографија од нокдаунот на Фјури и го напиша следново:
„Овој пат Тајсон Фјури нема да се исправи“.