Вајлдер: 50-50 или нема борба со Џошуа

ИБФ, ИБО и ВБА шампионот Ентони Џошуа (20-0, 20 КО) е во близу до договор за меч за обединување со ВБО шампион Џозеф Паркер (24-0, 18 КО).

Англичанецот и Новозеланѓанецот треба да се борат во март или април следната година. Надежите се дека Џошуа ќе победи и потоа ќе дојде до големата прсметка со ВБЦ шампионот во тешка категорија Дионтеј Вајлдер (39-0, 38 КО).

Претставниците на Паркер во моментов бараат споделување на профитот од 35-65 во корист на Џошуа.

Вајлдер вели дека не размислува да ги прифати такви услови.

„Тоа е голема борба, една од најголемите во светот и сите сакаат да ја видат. Поделбата ќе биде 50-50 или нема борба“.

„Ако сакаат да ја користат поделбата на пари како изговор за да не дојде до борба, нека биде така. Не е дека јас барам повеќе од него, само велам дека ова е борба 50-50 и така е. За реваншот може да зборуваме за поделба 60-40 или што и да било“.

„Ќе го нокаутирам Џошуа и нема да се изненадам тоа да се случи во првата рунда. Но, дефинитивно ќе го нокаутирам Џошуа“.

„Кога ситуацијата доволно ќе се загрее за оваа борба навивачите нема да се грижат за подлебата на парите. Таа вечер, во тој момент ќе интересира и официјално кој е најдобар. И на крајот ќе добијатбрилијантна борба и ќе разберат кој е најдобар во светот. Ќе има еден шампион, едно име, Дионтеј Вајлдер, кој стои со високо кренати раце“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON