Артем Вахитов во третата борба го победи Сол Калавари и по втор пат ја одбрани титулата на Глори полутешка категорија.
Русинот против Бразилцот ја доби борбата со одлука на судиите на почетокот на минатата година, но во реваншот во Чикаго го нокаутираше во втората рунда. Калавари беше подобар во првиот судир.
Вахитов го соборуваше Кавалари со брилијантна комбинација на на висок удар и лево кроше. Бразилецот успеа да се дигне, но Вахиотов набрзо го принуди судијата да се прекине борбата.
Ариел Мачадо е победник на турнирот во полутешка категорија. Откако во дебито го изненадени Павел Журвалев, Бразилецот во вториот обид го освои турнирот на предизвикувачот. Прво во полуфиналето со одлука на судиите го елиминира Дани Илунга, за финалето да му се реваншира Зинедин Хамеур – Лено за пораз на претходниот турнир нокаутирајќи го со удар во првата рунда.
https://youtu.be/dP8E2vmthLw
https://youtu.be/1yMfUx2PYmw
Французинот Антоан Пинто во своето деби за Глори со поделена одлука на судиите славеше против Американецот Ричард Абрахам.
https://youtu.be/dWeaF7onaf0
Во Суперфајт серијата од делот на програмата Бенјамин Адегбај со судиска одлука по екстра рунда го победи Андерсон Силва.
https://youtu.be/wnK875wupX8
Каталин Морошану во дебито со лево кроше во втората рунда го нокаутира Американецот Морис Грин.
https://youtu.be/889ZZMSI1xI
Пресметката на велтерашите Муртел Греонхарт со прекин во третата рунда го победи Тајланѓанецот Тонгчаи.
Глори 38 Чикаго:
Артем Вахитов – Сол Кавалари (ТКО, Р2)
Финале на турнирот во полутешка категорија:
Ариел Мачадо – Зинедин Хамеур – Лено (КО, Р1)
Антоан Пинто – Ричард Абрахам (поделена одлука на судиите)
Полуфинале предизвикувачи:
Ариел Мачадо – Дани илунга (со одлука на судиите)
Зинедин Хамеур – Лено – Брајан Колет (Ко, Р2)
ГЛОРИ 38 Суперфајт серија:
Бенјамин Адегбај – Андерсон Силва (со одлука на судиите по екстра рунда)
Каталин Морошану – Морис Грин (КО, Р2)
Муртел Гроенхарт – Тонгчаи Сицонпеенонг (ТКО, Р3)
Даниел Моралес – Павел Једерзејчик (едногласна одлука)
Никлас Ларсен – Лукаш Плавецски (едногласна одлука)