Ужасна вест од Хрватска: Еден од најдобрите џудисти на само 16 години се бори за живот

Еден од најдобрите хрватски џудисти, член на клубот Пујанке од Сплит, Иван Безиќ се бори за живот, објавуваат хрватските медиуми.

Безиќ, кој има само 16 години, е вицешампион на Хрватска.

„Молете се за мојот Иван и нека ја почувствува вашата поддршка. Тој е во кома и води тешка битка за својот живот. Вирусот на грип го зафатил и неговиот срцев мускул“ – објави неговиот татко.

Младиот Безиќ, само пред десет дена,  на 27 јануари во Загреб стана вицешампион на Хрватска во категоријата до 60 килограми. Иван Безиќ, иако и понатаму кадет по минатогодишната бронза, со две победи и пораз во финалето го освои сребрениот медал во сениорската возрасна група.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО