Утре во Прилеп ќе се одржи 4.коло на Првата и младинска бокс лига

Утре во Прилеп ќе се одржи 4.коло на Првата и младинска бокс лига на Македонија.

Домаќин на турнирот е БК Ас од Прилеп во содејство со Националната бокс федерцаија на Македонија, а ќе се одржи во спортската сала на СОУ „Ристе Ристески- Ричко”.

Во 13.00 часот ќе се одржат воведните борби за деца, додека во 14.00 часот ќе започнат официјалните мечеви. Ас ќе настапи со околу 16 боксери во воведните и официјалните борби.

„Во нашиот клуб се работи напорно и непрекинато. Се надевам на добри резултати и многу победи. Подготовките на боксерите се во завршна фаза. Се трудиме 4.коло во бокс да го организираме во најдобо светло. По долга пауза прилепската публика можи да гледа добри борби и да ги бодри нашите боксери“, изјави Дарко Чатлески, тренер на БК Ас, клуб кој е на првото место на табелата во пресрет на четвртото коло.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON