Утре во Охрид ќе се одржи Меѓународниот таеквондо ИТФ турнир „Охрид опен 2023“ во организација на „Хва ранг ИТФ“ Лескоец-Охрид во спортската сала „Билјанини извори“.
На турнирот учество ќе земат околу 200 натпреварувачи од 24 клубови од Македонија, Чешка, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Албанија.
„Во сабота во 9 часот започнуваат натпреварите во форми, па продолжуваат со борби. Свеченото отворање е закажано за 15:30 часот. Овој натпревар го организиравме по сите највисоки светски ИТФ стандарди, дата база, електронско судење, со можност за видео протест… За сите љубители влезот ќе биде бесплатен за да имаат можност да ги гледаат натпреварувачите и да уживаат во убавините на овој атрактивен спорт“, вели првиот човек на Македонската традиционална таеквондо федерација, Марјанчо Лазаревски.