Утре во Скопје се одржува Меѓуанродниот карате турнир „Никола Грдановски – Нике“ во организација на КК Металург.
На турнирот ќе настапат каратисти од Македонија, Косово, Црна Гора, Грција и Бугарија, а ќе има и специјални гости од Италија, Полска, Грција, Хрватска и Бугарија.
Има парични награди за најдобрите во опен кумите категоријата!
Ќе се доделуваат трофеи за најдобрите ката и кумите тимови, како и за сениорите во ката и во кумите опен. Потоа трофеи за најдобрите натпреварувачи во ката и кумите, како и за најдобар странски и домашен клуб и за најдобриот судија.
На овој начин ќе се реализира проектот СЦАЕД, приу што секој клуб ќе добие прирачник.