Утре почнува Европското првенство во бокс, Македонија настапува со четири боксери

Утре почнува Европското првенство во бокс за сениори кое се одржува во Белград од 18 до 28 април. На ЕП ќе учествуваат 401 боксер, 263 во машка конкуренција и 138 во женска, од 33 држави, а Македнија ќе настапи со четворица репрезентативци.

Боите на Македонија ќе ги бранат Ален Рустемовски (57 кг), Дион Лена (63,5 кг), Алим Насуфи (67 кг) и Арјан Исени (80 кг).

Нашите боксери се подготвуваа во главниот град на Србија, односно во Спортскиот центар „Кошутњак“, каде што тренираа и спарингуваа со репрезентациите на Србија, Хрватска, Црна Гора, Шпанија и други држави.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON