Утре почнува елитниот таеквондо турнир „Скопје опен“ од Г1 серијата

Утре и во недела се оджува силниот Меѓународен таеквондо турнир Скопје опен.

„Оваа година Скопје опен прераснува во најголемиот спортски настан во државата. Очекуваме над 1000 натпреварувачи од над 50 држави од цел свет. Ќе пристигнат неколку национални тимови на олимписки велесили. Скопје ќе биде центарот на олимпискиот спорт таеквондо“, велат од Македонската таеквондо федерација (МТФ).

Скопје опен е во организација на Македонската таеквондо федерација, Таеквондо клубот Бутел  и Таеквондо клуб Рамус од Софија.

Генерален покровител на овој спортски спектакл е Министерството за спорт.

Скопје опен е Г1 турнир и е дел од официјаллниот календар на Свестката таекводно асоцијација. Турнир кој носи бодови за остварување на олимписка норма.

Дејан Георгиевски и Мила Релјиќ се нашите најголеми адути на турнирот, а покрај нив ќе настапат уште 19 македонски теквондисти. Тие настапува во недела.

Големата бројка на македонски теквондисти кои ќе се претстават пред македонската публика, како и самата организација на овој елитен таеквондо турнир е потврда за крупните чекори што ги прави Македонската таеквондо федерација за популаризација на овој олимписки спорт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON