Карате клубот „Макпетрол“ минатата недела 04-09 ноември беше на подготовки во Црна Гора по покана КК Омладинац од Подгорица. Макпетрол го претставуваа Петар Заборски, Петар Спасеновски, Абдурахим Идризи, Давид и Глигор Петкови.
„Карате клубот Омладинац се погрижи за беспрекорната организација, на кои земаа учество најдобрите натпреварувачи од регионот кои се освојувачи на бројни европски и светски медали. Целта на овие припреми беше да се направат контролни мечеви за да се одржи формата во време на вонредната состојба, предизвикана од корона-пандемијата. На подготовките владееше одлична спортска атмосфера со многу дружба, позитивна енергија и заеднички тренинзи. Додека траеја овие припреми, се почитуваше дадениот протокол, препорачан од СЗО. Упатуваме голема благодарност до Омладинац за успешните подготовки и се надеваме на понатамошна соработка“, изјави Петар Заборски, натпреварувач и тренер во Макпетрол.
На овие заеднички подготовки учествуваа каратисти од Црна Гора, Македонија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина и Хрватска.
Како предводници на подготовките беа светскиот шампион Иван Квесиќ, шампионите Марио Хоџиќ, Ненад Дуловиќ, Оргес Арифи.