Успешната година на кикбоксот крунисана со шест номинации за „Спортист на годината 2024“

Вчера Министерството за спорт ги објави номиницаиите за „Спортист на годината“, односно за најдобрите во 2024 година, како редакција почнавме да ги претставуваме сите номинирани спортисти од боречките спортови.

Денес ги претставуваме номинациите од кикбоксот. Овој боречки спорт оствари одлични резултати во 2024 година и има 6 номинации во вкупно 6 категории за индивидуалните спортови.

„Оваа година Кикбокс маитаи федерацијата на Македонија може да се пофали со извонреден успех и спортско достигнување од причина што од вкупно 6 номинации кои се однесуваат на индивидуалниот спорт во нашата држава, токму нашата Федерација е единствена која што има номинирани спортисти, селектор и самата федерација во сите 6 номинации“, вели претседателот на Кик бокс маитаи федерацијата Дејан Митровски-Урко.

Номинирани спортисти, селектор од Кикбокс маитаи федерацијата на Македонија и федерацијата:

1 – Спортист на годината – Бобан Илиоски, 1-во место во категорија -86 кг. на ЕП во кик бокс маитаи, одржано во Атина, Грција;

2 – Спортистка на годината – Леа Бошевска, кик бокс маитаи, 5-то место во категорија -50 кг. на ЕП во Атина, Грција;

3 – Млад спортист на годината – Силвио Мировски – кик бокс маитаи, 1-во место во категорија 71кг на СП во Будимпешта, Унгарија;

4 – Млада спортистка на годината – Марија Димовска-кик бокс маитаи, 1-во место на СП во Будимпешта, Унгарија;

5 – Најуспешен тренер/селектор – Дејан Митровски-кик бокс и маитаи

6 – Најуспешна национална спортска федерација – Кик бокс маитаи федерација на Македонија.

„Останатите 3 номинации од вкупно 9те постоечки се однесуваат на колективниот спорт и на спортисти со попреченост во кои оваа федерација не може да земе учество“, објаснува Митровски.

Стручниот тим на Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија предводена од претседателот Дејан Митровски – Урко од една страна е презадоволен од тоа што токму федерацијата на чие кормило е тој е единствената која има номинации во секоја категорија, но од друга страна и не сака да биде скромен, бидејќи смета дека секоја номинација е комлетно заслужена.

„Очекувам дека спортската јавност и фела и на овој начин ќе ја награди нашата федерација и спортистите според заслугите, бидејќи оваа година приматот е наш, ако направиме споредба со резултатите и достигнувањата на другите спортисти и федерации. Ова се само најпрестижните медали и достигнувања кои се наведени и номинирани за овој избор, но, во реалност, бројките и достигнувањата се многу поголеми. Имено, само оваа година кикбокс репрезентацијата настапи на 10 меѓународни кикбокс натпревари од највисок ранг и од истите имаме освоено вкупно 105 медали (31 златен, 27 сребрени и 47 бронзени)“, изјави Дејан Митровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО