Синоќа се одржа турнирот на нашите репрезентативци од карате клубовите Металург, Макпетрол, Кеикс, Ботони и Јошитака со бугарската репрезентација за кадети, јуниори и јуниори до 21 година кои ќе настапат на Балканското првенство во Сараево, Босна и Херцеговина.
Според тренерите, целта беше натпреварувачите да направат по 4-5 борби и да пробаат техники кои ќе им бидат потребни за Балканското првенство и за Европското првенство во февруари.
По турнирот синоќа имаше дружба на стручните лица, а денеска продолжуваат со тренинзите.
Ipon.mk/В.Д.