Борачот Далибор Богданов во категоријата до 75 килограми извојува победа за неговиот клуб ЕСВ Минхен Ост, кој во рамките на Групен обер лига Ѕ ја совлада екипата на ЦБ Митерахинг со 29-19.
Поранешниот борач на БК Балканец имал изедначена борба со Себастијан Шолер, но победил со 1-0, односно завршила 6-6, па поради подобриот скор напоени на него му е доделена победата. Богаднов освоил 2,2 и 2 поени, а противникот 1, 1, 2 и 2.
Минатата година Богданов се натпреваруваше во втората Бундес лига, но поради преселувањето во Минхен сега настапува во понизок ранг.
ipon.mk/В.Д.