Ален и Ружди Рустемовски продолжија по патот на Аце Русевски, Реџеп Реџеповски и по 30 и неколку години освоија златни медали за Македонија во сениорска конкуренција на Балканското првенство во бокс во Лозница, Србија.
Два златни медали одамна не освоени. Македонија во сите возрасни конкуренции освои 9 одличја – 2 златни медали, 1 сребрен и 6 бронзени.
Ален Рустемовски во финалето прикажа бескомпромисна и жестока борба против многу добриот Украински боксер Денис Роздолски. Браво и за двајцата, прикажаа бокс по мерак на публиката.
Ружди Рустемовски како и во полуфиналето боксираше трактички мудро против домашниот боксер Стефан Чамовиќ, со кого добро се познаваат. Мечот беше изедначен, одлучуваа нијанси. Ружди победи со поделена одлука.
Да потсетиме, вчера Ардијан Рустемовски вчера освои сребрен медал откако во финалето загуби од Украинецот Зименко, а претходно со борнзени медали се закитија Ебуталип Агушев, Лука Трифуновиќ, Тарик Весели, Димитар Ѓорески, Наум Стојаноски и Енис Алиу (сениори).
На Балканското првенство судеше Стефан Цубалевски.
Резултати – Балканско првенство:
Сениори
57 кг
Ален Рустемовски – Михајло Џекиќ (БиХ) 5-0 ТКО Р2 ½ финале
Финале
Ален Рустемовски –Денис Роздолски (Украина) 4-1
60 кг
Ружди Рустемовски – Русијан Шилов (Украина) 5-0 ½ финале
Финале
Ружди Рустемовски – Стефан Чамовиќ (Србија) 3-2