Успех на Шкупи -трет во вкупен пласман на турнир во Романија

Борачите на Шкупи на Меѓународниот турнир „Коачес меморијал“ во Крајова, Романија го освои третото место во вкупниот пласман со 6 медали – 2 златни, 3 сребрени и 1 бронзен.

Ова е добар резултат во конкуренција екипи од Бугарија, Романија, Молдавија и Македонија.

Медалите ги освоија:

Златни медали
Илхан Муртези (65 кг, У17) – фантастичен настап на неверојатен талент, само со 14 години, кој се натпреваруваше со највозрасните;
Мирај Мустафа (52 кг) –  потврди дека е еден од најважните трансфери на оваа година;

Сребрени медали
Ануар Џемаили (32 кг)
Јусуф Заими (28 кг)
Бамир Сејфулау (30 кг)

Бронзени медали:
Абдулазиз Азизизи -ј имаше силен настап, но мораше да се задоволи со 3-тото место;

„Овој успех докажува дека нашиот клуб има таленти и е на добар пат кон врвот“, велат од Шкупи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО