Камару Усман е подготвен за реванш со Леон Едвардс во Англија.
Изминатиов викенд, шампионот во полусредна категорија и актуелен УФЦ борец Усман беше брутално нокаутиран од Едвардс на УФЦ 278. Со победата, Леон стана вториот Англичанец кој освоил титула во организацијата.
По борбата Дaна Вајт рече дека ќе има трета пресметка меѓу нив.
Усман даде официјален коментар неколку дена по борбата.
„Се чувствувам добро и расположено. Тоа е борба, така се случи. Морав да одам во болница за да направам скенирање. Влегувам и излегувам. Добро е. Навистина, му симнувам капа на Леон“.
https://twitter.com/djz6969/status/1561218314566639616?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1561218314566639616%7Ctwgr%5Ec2577df4e87b541bd4c4806e1bdac27c4f27c490%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fcdn.embedly.com%2Fwidgets%2Fmedia.html%3Ftype%3Dtext2Fhtmlkey%3Dcb7145f1731b4c328f8e4d2201854ceaschema%3Dtwitterurl%3Dhttps3A%2F%2Ftwitter.com%2Fdjz6969%2Fstatus%2F1561218314566639616image%3Dhttps3A%2F%2Fabs.twimg.com%2Ferrors%2Flogo46x38.png
Поради големите достигнувања на Усман, има смисла да се види итен реванш меѓу нив. Едвардс изјави дека би сакал да ја одбрани титулата во Англија, а на Усман изгледа не му пречи.
„Сакам да одам во Англија. Ја чувствувам како мој втор дом. Англија е половина Африка. Луѓето не го знаат тоа, но така е. Затоа сум подготвен да одам таму и да приредам шоу за моите англиски обожаватели”.