Непоразениот братучед на Хабиб Нурмагомедов, Усман, во октомври ќе се врати во кафезот на Белатор.
23-годишниот Русин ќе се соочи со Патрик Пиетила во лесна категорија, а ќе биде дел од главната карта на Белатор 269. Гала вечерта ќе се одржи на 23 октомври во Москва, а главниот меч ќе биде меѓу Федор Емелијаненко и Тим Џонсон.
Ова ќе биде трет мел за Усман во Белатор. Тој дебитираше во елитната организација оваа година, забележувајќи две победи во првите две средби.
Финецот Пиетила по втор пат ќе влезе во кафезот на Белатор. Спортистот не се борел од 2019 година, кога го загуби последениот меч од Рајан Роди.
Поранешниот шампион во тешка категорија на Белатор, Виталиј Минаков, исто така ќе учествува на гала вечерта во руската престолнина. 36-годишниот ветеран ќе се соочи со Американецот Саид Сума.