Минатиот месец Конор Мек Грегор ја скрши ногата на мечот против Дастин Пориер и го чека нешто подолго закрепнување. Сега има малку повеќе слободно време, па затоа е многу активен на социјалните мрежи.
Деновиве, тој беше запрашан на Твитер дали има желба да го освои УФЦ појасот и во велтер категорија (Конор беше шампион во перолесна и лесна категорија), и какво е чувството да се нокаутираат противниците во три различни дивизии.
„Неверојатно! Го сакам тој рекорд! Ќе се борам за титулата во велтер категорија и него ќе го изгасам. Имам најбрз нокаут во борбите за титулата на УФЦ (13 секунди) и најмногу нокаути со појас (5). А тој последен би бил уште еден нокаут во борбата за титулата. Три борби со појас, три нокаути, три нови рекорди“, напиша Конор Мек Грегор.
„Озлогласениот“ не го спомена Камару Усман, но јасно е дека мислеше на нигерискиот шампион. Шампионот во полусредна категорија му одговори на Мек Грегор:
„Кого ќе изгасиш? Веројатно зборуваш за лулето што го пушеше. За разлика од тебе, ако зборувам за некого, тогаш ќе го означам во објавата. Замолчи да не ги поканам Пориер, Хабиб или Дијаз повторно да те победат“.
Spark who?? You must be talking about that pipe you’ve been smoking. Unlike you, if I’m gonna talk shit ill @ U. Now be quiet before I call Poirier or Khabib or Diaz to finish you again 🤫 #P4P 🤴🏿 https://t.co/2jSlVOkRXM
— KAMARU USMAN (@USMAN84kg) August 16, 2021