Викендов следува уште еден голем настан на најголемата светска ММА организација. УФЦ 296 ќе се одржи во Лас Вегас во сабота, на чело со мечот за титулата во полусредна категорија меѓу шампионот Леон Едвардс и Колби Ковингтон.
Неодамна Даниел Кормиер разговараше со поранешниот шампион Камару Усман, кој истакна дека во УФЦ сакаат да видат нов борец на тронот на полусредната категорија.
„Нема сомнеж дека и Доналд Трамп сака да победи Колби Ковингтон, но тоа не е важно за УФЦ. Нив ги интересира само тој што ќе донесе најмногу пари“, рекол Камару Усман и му рекол на Леон Едвардс:
„Претпоставувам дека чувствуваш оти УФЦ го фаворизира Колби, бидејќи веруваат дека може да им донесе повеќе пари. Промени го тоа, биди ти тој што им ја полни касата. Не добиваш ништо од тоа ако продолжиш да липаш и да кажуваш како те мачи тоа, а ми звучи како лелекање“.
Имено, Едвардс постојано вели дека чувствува оти УФЦ не го сака на тронот, но треба да го промени тоа. Се додека победува ќе биде шампион, но нема апсолутно никаква корист од ваквите изјави.
Јасно е дека промоцијата сака борец како Хаос, кој може да направи хаос во октагонот, како и на прес-конференција.
Ковингтон ги навреди сите по ред на последната прес-конференција. Во еден момент Колби го спомна покојниот татко на Леон, па настана гужва, па и луѓето од обезбедувањето биле зафатени.