Усман го нокаутира Масвидал и и покажа на 15-илјадната публика кој е најдобар (ВИДЕО)

УФЦ понуди уште една спектакуларна вечер и „хајлајтси“, кои ќе се вртат уште долго. УФЦ-261, во Џексонвил, Флорида, донесе двајца стари и еден нов шампион, од трите борби за титула, кои беа на програмата. Во главниот настан, Камару Усман ја замолчи 15-илјадната публика со фантастичен нокаут.

Нигериецот Камару Усман ја продолжи својата династија во велтер категорија (77кг) триумфирајќи на најспектакулрен начин досега, со нокаут против човекот, кој никогаш не бил нокаутиран во УФЦ, Хорхе Масвидал (35-15).

За оние што очекуваа Усман да победи, прогнозата беше дека тоа ќе го направи слично како во првата меѓусебна борба со Масвидал, во јули 2020, со многу клинчови и борење, но тој го победи миленикот на домашната публика во неговата игра. По резервирана прва рунда, уште рано во втората го погоди со десен, заден директ и Масвидал се струполи, па „изеде“ уште неколку тупаници на подот, додека судијата ја прекине борбата.

https://twitter.com/kulp_sam/status/1386174104961753088?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1386174104961753088%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Fbozhem-mali%2Fkikboks%2Fspektakl-vo-ufc-usman-ja-zamolchi-florida-i-go-odbrani-pojasot-video

Со ова, ефектот во кариерата на Усман се качи до 19-1, а победничката серија на 18-0. Меѓутоа, од тие победи 14 се во УФЦ, па му требаат уште две да го изедначи рекордот на Андерсон Силва, за најдолга победничка серија од почетокот на престојот во УФЦ.

Меѓутоа, нокаутот на Усман беше само кулмнација на шоуто кое почна со претходните две борби за појас, во женска конкуренција. Роуз Намајунас (10-4), Амриканката со литвански корени, го вџаши светот со занемувачки нокаут со нога во главата на Жанг Вејли (21-2) од Кина po само 80-тина секунди од борбата за титула во сламка категорија (52кг). Вејли е една од најдобрите жени на денешницава и имаше серија од 21 победа, меѓутоа беше затекната од ремек-дело. Намајунас стана првата жена во УФЦ, која вторпат ја освоила титулата, откако ја имаше и ја загуби во мај 2019 година.

https://twitter.com/r0bato/status/1386164373434118148?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1386164373434118148%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Fbozhem-mali%2Fkikboks%2Fspektakl-vo-ufc-usman-ja-zamolchi-florida-i-go-odbrani-pojasot-video

Претходно, Валентина Шевченко (21-3) од Киргистан уште еднаш потсети дека ужива апсолутна доминација во женската мува категорија (56,7кг), совладувајќи ја Бразилката Џесика Андраде (21-9) со технички нокаут, во втората рунда. Ја собори вкупно седум пати, што претставува нов рекорд во мува категорија, а во последниот случај, успеа да ја реши со удари на земја или т.н. „граунд ен паунд“. Ова е петта одбрана на титулата за Шевченко и седма победа во серија.

Резултати – главна програма на УФЦ 261:
Камару Усман – Хорхе Масвидал – КО (удари) 2 1:02
Роуз Намахунас – Жанг Вејли – КО (удар во глава), Р1 (1:18)
Валентина Шевченко – Џесика Андраде – ТКО (лакти), Р2 (3:19)
Јураја Хол – Крис Вајдман – ТКО (Карма), Р1 (0:17)
Ентони Смит деф. Myими Крут – ТКО (прекин од лекар), 1. 5:00

Воведни борби:
Ренди Браун – Алекс Оливеира – завршница (давење од позади), Р1 (2:50 часот)
Двајт Грант – Стефан Секулиќ – поделена одлука (28-29, 29-28, 29-28)
Брендан Ален – Карл Роберсон – завршница (заклучување на глуждот), 1 коло (4:55)
Патрик Сабатини – Тристан Конели – едногласна одлука (30-27, 29-28, 29-28)
Дана Батгерел – Кевин Нативидад – ТКО, Р1 (0:50)
Родриго Варгас – Ронг Жу – едногласна одлука (29-28, 29-28, 29-28)
Џеф Молина – Квлиленг Аори – едногласна одлука (30-27, 29-28, 30-27)
Аријан Карнелоси – На Лианг -ТКО

https://streamable.com/5atjvl

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON