Усик: Животот ми се промени

Александар Усик, кој е светски шампион во тешка категорија на ВБО, ВБА Супер, ИБФ и ИБО, за медиумите изјави дека неговиот живот се променил откако ги освоил појасите кај најтешките во професионалниот бокс.

Потсетуваме дека на крајот на септември големиот украински боксер постигна нешто што ретко кој боксер го постигнал – да ги освои светските титули кај најтешките победувајќи го Ентони Џошуа во меч за шампионските појаси на ВБО, ВБА Супер, ИБФ и ИБО. откако претходно освои сè во полутешка категорија.

„Мојот живот се промени, но моите правила дефинитивно не се. Сè уште живеам според моите принципи и стандарди. Во однос на препознатливоста, да. Бев во неколку европски земји по победата и многу повеќе луѓе дојдоа кај мене“, изјави Усик за Форбс.

Многумина очекуваа дека Усик ќе загуби на првиот меч со Џошуа, но многумина сега го сметаат за фаворит во реваншот.

„Мојата психичка состојба беше добра пред и по мечот со Џошуа. Отсекогаш знаев за што работам. Отидов директно до моите цели. Се разбира, тоа може да се промени. Така е. Победата се случува и луѓето ги менуваат своите (мои ставови) и тоа е нивно право. Сепак, пред судирот со Џошуа почувствував дека само треба да продолжам да работам на подготовките“, додаде Усик.

Украинецот нема грижи во евентуален реванш против „Еј Џеј“.

„Не сум загрижен дали Џошуа е подготвен за борба. Александар е подготвен за секаков вид битка“, рече Усик.

„Секако, тој ќе промени се. Се ќе биде ново“, заврши украинската боксерска ѕвезда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО