Усик тренира за Фјури со Србин висок 204 сантиметри

Тешко дека на Aлександaр Усик (21:0) му беше лесно да најде соодветен спаринг партнер за борбата со Тајсон Фјури (34:0:1), но сепак го најде Санел Хасановиќ (6:1:1) па го покани на својот камп.

Двајцата споделија заедничка фотографија на социјалните мрежи за да објават дека тренираат заедно, а стана јасно дека Украинецот сепак нашол некој со слични димензии.

Хасановиќ е 25-годишен боксер од 204 сантиметри од Србија со скор од 7 победи со 6 нокаути, 1 пораз и 1 реми. Последен пат триумфираше со едногласна одлука над Алфонсо Дамијани во Германија во октомври, а единствениот пораз го имаше шест месеци претходно од Лукас Фаик со едногласна одлука за континенталната титула на ИБО. Неговата вообичаена тежина е помеѓу 107-118 кг, како што доликува на борец во тешка категорија

Сепак, Фјури е 2 см повисок и традиционално се бори помеѓу 119-125 кг. Токму овие податоци најчесто му даваат предност пред противниците, бидејќи може да користи моќ, брзина и да се бори во исто време кога е во прашање клинч, иако таму секогаш е на работ од дозволеното.

Останува точно еден месец до средбата меѓу Тајсон Фјури и Александар Усик за неприкосновената титула во тешка категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON