Усик: Тренерот ми рече да не барам нокаут и го послушав

Новиот светски шампион во тешка категорија Александар Усик беше на врвот на среќата откако го симна од тронот Ентони Џошуа во центарот на Лондон. Украинскиот боксер излезе како аутсајдер на мечот, но победи со едногласна одлука. Во својот прв говор по средбата призна дека не се обидел да го нокаутира Џошуа и рано е да се размислува за евентуален реванш.

„Оваа победа ми значи многу. Мечот испадна точно како што очекував. Понекогаш, Ентони ме притискаше, но тоа не беше ништо посебно“, прокоментира Усик по победата.

„Немав намера да го нокаутирам. Од моја гледна точка, исто така ми беше кажано да не се обидувам. Тренерот ми рече „НЕ“, а јас го слушав и ја завршив својата работа“, продолжи Украинецот.

„Се подготвував многу напорно од јануари. Ми требаше половина година. Ми недостасуваат моите деца и сакам да си одам дома. Сега не размислувам за реванш. Не сте ја виделе ниту најдобрата верзија на Усик. Можам да направам многу повеќе“, додаде новиот светски шампион.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON