Усик се забавува со појасите (ВИДЕО)

Александар Усик, кој е актуелен светски шампион во тешка категорија на ВБА Супер, ВБО, ИБФ и ИБО, ужива во појасите.

Украинецот на социјалните мрежи сподели видео на кое отвори актовка со еден од освоените појаси – оној на ВБО, велејќи дека ова не е полутешка, туку тешка категорија.

„Појасите се тука. Ова не е полутешка категорија“, напиша Усик под видеото кое го постави на својот Инстаграм профил.

Потсетуваме, Александар Усик ги освои појасите на ИБФ, ВБА Супер, ВБО и ИБО во тешка категорија победувајќи го поранешниот шампион – Ентони Џошуа по судиска одлука во негова корист на 25 септември на стадионот на фудбалскиот тим Тотенхем.

Усик е и поранешен шампион во полутешка категорија на ВБО, ВБЦ, ВБА Супер, ИБФ и ИБО.

Олимпискиот шампион во тешка категорија од 2012 година во Лондон има вкупен биланс од 19 победи (13 со нокаут) и ниту еден пораз во професионалниот боксерски ринг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON