Усик се врати на фронтот во Украина

Светскиот шампион во тешка категорија на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО, Александар Усик, се врати на фронтот во Украина. Веста ја соопшти неговиот менаџер Егис Климас.

Според него, сегашниот број 1 во сите категории на светскиот бокс ќе се обиде да го подигне моралот на своите сонародници во војната со Русија. Тој откри дека Усик нема да земе оружје, како што направи на почетокот на конфликтот во февруари. Наместо тоа, тој ќе ја искористи својата репутација за да ги мотивира војниците.

„Додека ви зборувам, Усик е во Украина, на линијата на фронтот. Се разбира, нема огнено оружје во рацете, но ги поддржува војниците. Тој е таму давајќи им морална поддршка на своите сонародници. Се опоравува од борбата со Џошуа и чекаме да видиме како ќе се развиваат работите околу борбата на Тајсон Фјури“, објави Климас за Токспорт.

Усик ја чека ситуацијата околу светскиот шампион на ВБЦ Тајсон Фјури и Ентони Џошуа. Доколку пропадне мечот меѓу двајцата, закажан за 3 декември, не е исклучено „Џипси Кинг“ повторно да тргне во насока на обединувачки меч. Сепак, во оваа ситуација, нема да има меч до крајот на оваа година, туку во јануари или февруари 2023 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON