Олександр Усик (Украина) (14-0, 11 КО) ја продолжи доминацијата во полутешка категорија со обединување на две титули. Тој победи на поени со многу изедначена судиска одлука против непоразениот Меирис Бриедис (Латвија) (23-1, 18 КО) на гала вечерта во Рига (Латвија).
Мечот беше полуфинале на турнирот за Светската боксерска супер серија за трофејот на Мохамед Али.
#UsykBriedis #usyk #AliTrophy
Usyk vs. Briedis – Fight of The Year!! WoW
Congratulations Usyk!!! pic.twitter.com/nxpfHIIxFT— EternalSpaceArt (@EternalSunART) January 27, 2018
Бриедис имаше предност во првата половина на средбата, но постепено олимпискиот шампион од Лондон ја најде вистинската дистанца. По последната рунда, двајца од судиите им дадоа 115-113 на Усик, а третиот 114-114.
https://twitter.com/WBSuperSeries/status/957392392176504832?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.sportal.bg%2Fnews.php%3Fnews%3D706068
Украинецот ќе се бори со победникот на останатото полуфинале Мурат Гасиев – Јуниер Дортикос, наредната сабота.
https://twitter.com/WBSuperSeries/status/957392900018470912?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.sportal.bg%2Fnews.php%3Fnews%3D706068
Борбата ја следеше и Владимир Кличко. Усик е дел од неговата К2 промоција, а Бриедис беше спаринг партнер на него и неговиот брат Витали.
https://youtu.be/cllNwdF52l4
.