Шампионот на ВБА (Супер), ИБФ, ВБО и ИБО во тешка категорија Александар Усик им ја честиташе Новата 2022 година на навивачите ширум светот. Ѕвездата од Украина ги повика сите во годината на тигарот прво да бидат луѓе, а потоа да бидат тигри.
34-годишниот боксер се подготвува да ја брани титулата во реваншот со Ентони Џошуа. Усик на крајот на минатата година го симна Џошуа од тронот среде Лондон и му ги одзеде титулите. Александар остана непоразен зголемувајќи ја својата серија на 19-0 во рингот.
На социјалните мрежи, Усик ги поздрави фановите и рече:
„Драги пријатели, би сакал на сите да им ја честитам 2022 година, годината на тигарот. Прво треба да бидеме луѓе, а потоа да бидеме тигри. Ова е одлична година. Минатото беше тешко, забавно, но и тажно.
За сите нас е многу важно да останеме позитивни и здрави луѓе. Сакам на сите да ви ја честитам Новата година, да ви посакам здравје, радост, насмевки и смеа.
Бидете здрави! Ќе бидете опкружени со насмевки и радост. Сè околу нас не прави тоа што сме. Пријатели, Среќна Нова година! Светот ги сака силните.
Среќна Нова година“!